МЗТ Скопје ја прекина соработката со Драган Николиќ, Васко Атанасов ќе го предводи шампионот!

1071

Драган Гаги Николиќ не е повеќе тренер на нашиот шампион, тимот на МЗТ Скопје. Чашата се прели едноставно по оној скандалозен потег на српскиот стратег на мечот со Кожув, за што и беше казнет од страна на КФСМ со 10 меча суспензија и 48.000 денари.

Секој нормален клуб, секој голем клуб а МЗТ Скопје секако дека е тоа, ќе преземе чекори во однос на својот тренер, па токму и затоа, тимот од Аеродром се одлучи да му врачи отказ на Николиќ. Едноставно тренер на МЗТ Скопје не смее да се однесува на паркетот како што тоа го направи Гаги Николиќ.

Тимот до крајот на сезоната ќе го предводи Васко Атанасов, досегашниот помошник на Николиќ, потег по кој кошаркарите се воодушевени, ако се знае дека токму Атанасов успеа да победи во Сплит во АБА лигата и токму тој вчера го направи пресвртот и му донесе победа на МЗТ Скопје, кога Николиќ го немаше на клупата.

Нема што, Атанасов перфектно си ја одработи својата задача, и сега МЗТ Скопје со него на клупата ќе оди по нова титула во домашниот шампионат.

Претходно“Монструмот“ Халанд ќе урива рекорд кој трае еден век!
СледноУ-17 женската селекција на Македонија го освои второто место на турнир во Италија