Откако е менаџер Пеп Гвардиола, тимот на Манчестер Сити постигнал 1000 голови. Синоќа Сити реализираше и победи во дуелот против Вест Хем, а трите гола значеа и илјада погодоци во ерата на Пеп.
Овој податок е важен да се нотира од проста причина што е Сити и Пеп до него стигнуваат најбрзо во историјата на Премиер лигата. Поточно, потребни беа за овој подвиг 404 мечеви.
Наспротив ова, на пример на Арсенал под водство на Арсен Венгер му беа потребни 554 мечеви, додека пак на Манчестер Јунајтед и на Сер Алекс Фергусон 693 меча.