„Патриотско друштво“ донираше пари за Вардар

3648

Откако и официјално навивачката група Комити влезе во раководните структури на ФК Вардар започнаа активности со кои колку толку ќе се санира очајната состојба на клубот во моментов и ќе се поправаат нештата во од што се вели.

По вчерашната средба со водството на оштина Аеродром, односно градоначалникот Тимчо Муцунски на која беше договорена помош од страна на институцијата во облик на остапување на фудбалското игралиште за потребите на клубот, а кое се наоѓа на територијата на општината, денеска и „Патриотско друштво“ се појави со донација за клубот.

Иако истата е симболична сепак, е многу значајна во моментов, и секако дека поважен е гестот, отколку вредноста на она што во моментов му се доделува на Вардар како парични средства.

ПретходноМиленкоски и официјално ќе не води на Европското првенство
СледноСити под Пеп постигнал 1000 гола за рекорден број мечеви