Елиф Елмас е вториот Македонец, после Горан Пандев кој ја освоил титулата во Серија А. Дијамантот беше еден од најзаслужните за оваа титула на Наполи, прва по цели 33 години.
И тој беше еден од најеуфоричните славјето, се радуваше како мало дете, а има и зошто, а и така и треба.
Сепак посебен белег остави нашиот фудбалер на социјалните мрежи со својата шампионска порака:
“Ние доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Нигерија, Словачка, Камерун, останатото е историја. Сонот на Неапол стана стварност“.
Оваа порака на Елиф наиде на воодушевување кај фановите на Наполи.










