Женската одбојкарска репрезентација на Македонија од вчера во Мавровго го почна првиот дел од подготовките за премиерниот настап во Европската Сребрена лига. Под водство на селекторот Стефан Пауновиќ, 18 одбојкарки почнаа со подготовките за историскиот настап во едно големо европско натпреварување.
Македонија е во група заедно со Австрија, Естонија и Летонија и низ годинешното издане на Сребрената лига ќе се обиде да започне еден процес на континуирано присуство на европските репрезентативни натпреварувања. Селекторот Пауновиќ пред заминување за Маврово ги истакна и своите очекувања од овој репрезентативен предизвик.
„По 12 години со сениорската женска репрезентација сме пред нов предизвик. Наша цел е да видиме на кое ниво сме во оваа сениорска конкуренција, откако минатата година со репрезентацијата У19 имавме едно посебно искуство меѓу 12-те најдобри европски селекции. Од таа селекција во оваа репрезентација веќе има неколку девојки. Ова е нов почеток. Се надевам дека со време резултатите ќе си дојдат. Јас не можам да ветам ниту резултати ниту некоја помпа дека може да направиме нешто големо. Првпат играме по 12 годии и ова е создавање на една генерација“, вели Пауновиќ.
Селекторот вели дека главна мисија е и оваа женска репрезентација во догледно време како и машката, да успее да се пласира на завршницата на едно европско првенство.
Инаку, изборот на селекторот за овој подготвителен циклус падна на следните одбојкарки:
Ричлиева Софија
Ковачевиќ Љиља
Јонузи Ејрона
Баталаковска Антонија
Дикова Мила
Терзиевска Теа
Стојанова Тамара
Попјордановска Ема
Бошковска Мери
Антеска Надица
Павловска Ана
Лазарова Марија
Стојановска Симона
Стојковска Ива
Овнарска Анастасија
Николова Мартина










