Сампдорија испадна од Серија А, меѓутоа има да доигра уште неколку натпревари пред да се пресели во понизок ранг. Вечерва на домашен терен „морнарите“ играа со Емполи и пак не успеаја да победат.
Имаа водство, па во 93 минута примија гол и останаа без трите бода. Со тоа остануваат на две победи од почетокот на годината.
Голот за Сампдорија го постигна Aлесандро Заноли во 34 минута, а за гостите Пиколи во последните моменти.
Сампдорија е на 20 место, Емполи на 14-тото.
До крајот Сампдорија ќе игра уште со Милан, Сасуоло и Наполи. Емполи ќе се соочи со Јувентус, Верона и Лацио.