ЦСКА Москва го совлада Зенит во петтиот меч од серијата за третото место во ВТБ лигата и со тоа ги освои бронзените медали. „Армејците“ победија со 4-1 во серијата и завршија на третото место на табелата.
Да потсетиме ЦСКА и Емил Рајковиќ неочекувано испаднаа во полуфиналето од Локомотив Кубањ и така се најдоа во позиција да бркаат барем трето место во конечниот пласман.
Инаку финалето е помеѓу УНИКС Казан и Локомотив Кубањ, а моментално тимот од Казањ има предност од 3-1.