Роберто Солдадо му стана соиграч на Барди

312

Еден од најдобрите напаѓачи во Ла Лига во поновата историја, Роберто Солдадо ја напушти Гранада и потпиша за Леванте. Солдадо стави потпис на деветтиот клуб во кариерата, а седми во Шпанија откако ја напушти Гранада. Иако има 36 години, не се предава, одлучи да оди во Леванте и ќе му биде соиграч на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Потпиша до јуни 2023 година.

Солдадо ја почна кариерата во Реал Мадрид, па играше за Осасуна, Хетафе, најдобрите моменти ги имаше во Валенсија за која во 101 меч постигна 59 првенствени голови, потоа беше во Тотенхем, па Виљареал, Фенербахче и во 2019 година се врати во Шпанија со тоа што потпиша за Гранада.

За Шпанија има 12 натпревари и седум голови.

ПретходноЧудесно враќање на Хрватска во финишот, продолженија во Копенхаген (ВИДЕО)
СледноДрамата на „Паркен“ со среќен крај за Шпанците (видео)