Легендата на Рома, Франческо Тоти уште еднаш јавно ја искажа својата поддршка за тренерот на тимот Жозе Мурињо. Португалецот кој има 60. години беше поврзуван со ПСЖ, но Тоти верува дека може да го убеди Мурињо да ја продолжи својата работа на кормилото на „Волчицата“.
„Да беше до мене, ќе беше полесно. Ајде да видиме што ќе се случи. Немам поим какви разговори се водат меѓу Мурињо и клубот, но верувам дека ќе биде донесена најдобрата одлука“, изјави Тоти на новинарите во комплексот Форо Италико, каде што се одржува тенискиот турнир од серијата Мастерс во италијанската престолнина.