Алексеј Швед се опоравува од повредите: Следната сезона се враќам на теренот!

124

Рускиот кошаркар од екипата на ЦСКА, Алексеј Швед, кој беше хоспитализиран на почетокот на мај откако беше претепан од хулигани во близина на еден од рестораните во главниот град, зборуваше за продолжување на својата кариера.

“Се чувствувам добро. Мило ми е што сум тука. Како играч ќе се вратам на паркетот следната сезона. Ќе ја продолжам својата играчка кариера“, изјавил Швед за руските медиуми.

Како резултат на нападот, на Швед му била дијагностицирана фрактура на темпорална коска, отворена краниоцеребрална повреда, фрактура на основата на черепот и амнезија – губење на меморијата.

Претходно на аеродромот во Москва беше приведен главниот осомничен за нападот на играчот, как и останатаите осомничени.

ПретходноОд утре на Матка: ЕП во кајак спуст на дива вода
СледноШампионот остана без директори: И Жорди Кројф си заминува од Барселона