Док Риверс ќе седне на клупата на Милвоки?

133

61-годишниот кошаркарски тренер Док Риверс многу брзо би можел да најде нова работа откако мораше да ја напушти клупата на Филаделфија. Дел од медиумите шпекулираат дека Риверс е главен кандидат за нов тренер на Милвоки Бакс, клуб кој исто како и Филаделфија реши да направи промена на тренерската позиција поради неуспехот во актуелниот плеј-оф.

Риверс и неговата Филаделфија водеа со 3-2 во полуфиналната серија од Источната конференција против Бостон, но Бостон продолжи по две последователни победи за конечни 4-3.

По одличниот регуларен дел од сезоната, Милвоки заглави на првата пречка во плеј-офот и беше елиминиран од Мајами Хит. Поради ова, Милвоки ја прекина соработката со актуелниот тренер Мајк Буденхолцер, а американските медиуми наведуваат дека сега Риверс е првиот и најголем кандидат за негов наследник.

ПретходноБарселона последен учесник на Ф4 во Лигата на шампионите
СледноЊукасл „гази“ кон Лигата на шампионите (ВИДEO)