Кошаркарите на Партизан во вистинска драма го совладаа тимот на Студентски центар во Подгорица со 81:79 во вториот натпревар од четвртфиналето на плеј-офот на АБА лигата и се изборија за „мајсторка“.
По неочекуваниот пораз во Белград, избраниците на Жељко Обрадовиќ израмнија на 1:1 во серијата и го вратија решавачкиот натпревар во Белград. По шокантниот пораз во Белград, Партизан не стартуваше на ниво ниту во Подгорица, а домашните го искористија за водство кое го одржуваше во најголемиот дел од натпреварот.
Резултатот беше изедначен на полувремето, но третата четвртина „студентите“ одлично ја отворија и направија серија од 7:0. Се играше рововска битка под двата обрачи, тимовите наизменично водеа, но со поените на Џејмс Нанели, Партизан дојде до победата.
Најзаслужен за триумфот на Партизан беше Данте Ексум со 24 поени, додека Џејмс Нанели постигна 23.