Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски направи скок од 44 места на најновата АТП-листа. Ивановски се наоѓа на 415 место во овој поредок, што пак за него е најдобар ранкинг во кариерата. До ова место македонскиот тенисер стигна пред една година.
Калин играше во финалето ИТФ турнирот во Куршумлиска бања каде загуби од четвртиот носител Французинот, Клемен Табур, додека пак во двојки, заедно со неговиот колега Олександр Овчаренко го освои трофејот на истиот турнир.
На врвот на АТП листата имаме промени. Истиот сега му припадна на шпанскиот тенисер, Карлос Алкараз, додека пак на второто место се наоѓа Данил Медведев. Новаќ Ѓоковиќ падна на третото место во овој поредок.