Кармело Ентони објави заминување во пензија

82

Десеткратниот учесник на НБА Ол-стар натпреварите, Кармело Ентони и официјално заминува во пензија.

Веста ја објави 38-годишниот кошаркар на својата страница на социјалните мрежи.

„Се сеќавам на деновите кога немав ништо. Само топка на подот и сон за нешто повеќе. Кошарката беше мојот излез. Секогаш ќе бидам благодарен на луѓето што ги сретнав на патот и на местата што успеав да ги посетам. Затоа што ме обликуваа. Сега е време да се збогуваме. Со платформата што го направи моето име. Со игра која ми даде цел во животот. Збогум НБА. Со нетрпение го очекувам она што ми го носи иднината“, рече Ентони во прошталното видео.

Како трет избор на драфтот во НБА во 2003 година, Кармело Ентони помина 19 сезони во НБА лигата. Осум од нив во Денвер, седум во Њујорк, две во Портланд, по еден во Хјустон, Оклахома и Лејкерс. На 1.260 натпревари, тој имаше просек од 22,5 поени и 6,2 скока.

ПретходноТимовски останува на „Чаир“, потпиша нов договор
СледноМарковски не успеа да се пласира на главниот турнир на Македонија Опен