Емполи го дотолчи Јувентус, ја запиша највисоката победа

310

Пред мечот со Емполи Апелацискиот суд во Рим му одзема на Јувентус 10 поени, а потоа тимот доживеа дебакл во дуелот со аутсајдерот во рамките на Серија А. Јувентус доживеа пораз од 4:1 на ова гостување.

Овој резултат е историски за Емполи. Тимот ја забележа највисоката победа над „Старата дама“ досега.

Франческо Капуто во 18 минута од пенал го отвори резултатот, зголеми Луперто во 21. минута.

На почетокот на второто полувреме Капуто повторно ја затресе мрежата на Шчесни. Vo 85 минута Федерико Киеза намали, а во последните секунди Пиколи ги постави конечните 4:1.

 

ПретходноПартизан го „растури“ Студентски центар и се пласира во полуфиналето на АБА лигата
СледноЊукасл си осигура ЛШ, само чудо го спасува Лестер