Партизан го „растури“ Студентски центар и се пласира во полуфиналето на АБА лигата

146

Партизан се пласира во полуфиналето на АБА лигата по победата со убедливи 112:83 во „мајсторката“ против Студентски центар. Црногорскиот тим го намачи Партизан во претходните два меча, па дури и славеше во Белград, но сега тотално потона.

Партизан одигра одлично, беше шутерски расположен, погоди 17 тројки па немаа проблем со противникот.

Избраниците на Обрадовиќ на полувреме имаа високи 57:38, а потоа рутински го приведе мечот до крај. Кај Партизан најефикасен беше Нанали со 17 поени, а кај гостите најмногу постигна Ивишиќ – 13.

Oсвен Партизан, во полуфиналето се уште Цедевита Олимпија, Црвена Звезда и Будуќност.

ПретходноМурињо за казната на Јувентус: Да ни го кажевте ова порано…
СледноЕмполи го дотолчи Јувентус, ја запиша највисоката победа