Лоренцо Вила на радарот на Шкендија

2480

Дефинтивно во таборот на Шкендија летово ќе има промени. Дориев ќе си замине и ќе го одработи својот прв онтернационален мандат, тоа е дефинтиивно, и тоа како слободен играч, а за останатите сеуште се е под знак прашалник. Што се однесува пак до потенцијалните засилувања, Спортмедиа дознава дека во плановите на Шкендија е 24. годишниот офанзивец од Албанија, Лоренцо Вила.

Се работи за класичен напаѓач кој може да одговори на позиција „десетка“ но и на десно крило. Досега има настапувано исклучиво за тимот на Теута, а има во своето портфолио и настапи за У21 репрезентацијата на Албанија, како и за А селекцијата.

Шкендија секако дека следната сезона ќе сака повторно да е во самиот врв на табелата и ќе ги покаже пак своите шампионски амбиции, а дали ќе биде со Лоренцо Вила во составот останува да видиме.

 

ПретходноФудбалер на Емполи го испровоцира Влаховиќ: За тебе ли дадоа 80 милиони?
СледноЛиверпул тргнува по стоперот на Волфсбург