Црвена Звезда го „растури“ Будуќност за финале!

127

Црвена Звезда се пласираше во финалето на АБА-лига. „Црвено-црните“ пласманот го заверија со убедлива победа, го декласираа Будуќност со 97-56.

Актуелниот првак во јадранското натпреварување на противник во последниот чекор за тронот ќе го има подобриот од дуелот меѓу Партизан и Ц.Олимпија.

Лука Митровиќ со 17 поени беше прв стрелец, Филип Петрушев запиша 14 поени, додека Немња Недовиќ 13. На другата страна во сивилото на Будуќност, Џалел О’Брајан беше најефикасен со само девет поени.

Будуќност беше рамноправен противник само во првата четвртина (26-25), по што се распадна. За три четвртини постигна 30 поени, додека прими 72 поени.

ПретходноБитола се подготвува за шампионскиот викенд: Пелистер ги откри сите детали!
СледноМајсторија на Роналдо го остави Ал-Наср во игра за титулата (ВИДЕО)