Кокошков се сели во редовите на Атланта!

133

Поранешниот селектор на српската кошаркарска репрезентација Игор Кокошков е нов помошник на Квин Снајдер во Атланта Хокс.

По епизодите со Маверикс и Нетс, следната работна задача на Игор Кокошков ќе биде Атланта Хокс. Исто така, тој повторно ќе се сретне со познатото лице и сонародник, Богдан Богдановиќ. Тие двајца некогаш заедно работеа во Сакраменто Кингс.

Кокошков ќе биде најблискиот соработник на Снејдер и главна задача ќе биде да го спроведе она со што го одликуваше години наназад, а тоа е да го унапреди тимот заедно со остатокот од стручниот штаб и да ги направи Хокс поконкурентна екипа.

ПретходноВинициус во нови проблеми, Анчелоти објасни што се случува!
СледноOдбојкарите тренираа во Лоѓ пред утрешниот дуел со Украина (ФОТОГАЛЕРИЈА)