Една од најдобрите турски ракометарки ќе игра за ЖРК Чаир

298

Екипата на ЖРК Чаир се пофали со големо засилување. Македонскиот суперлига се засили со една од најдобрите ракометарки на Турција, Севдa Озкан која игра како десен бек и десно крило.
Се работи за ракометарка која потекнува од школата на Бурса, а во Чаир доаѓа од Анкара. Таа е и турска репрезентативка.
„Ова е сериозен проект. Градиме одличен тим за претстојната сезона и потписот на Севдa Озкан е дел од проектот. Имаме квалитетни ракометарки на секоја позиција.“, соопштија од клубот.

ПретходноАплаузи за легендата Кваљарела кој со солзи го напушти „Луиџи Ферарис“
СледноГо напушта Реал после девет години и 17 освоени трофеи!