Леброн Џејмс е водечки стрелец во историјата на НБА и еден од најдобрите играчи што некогаш се појавиле. Во изминатите 20 години правеше вистински чуда на паркетот и стана икона на лигата.
Актуелниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс на крајот на годината ќе го прослави својот 39 роденден. Иако е совршено фит, јасно е дека неговата кариера е при крај и најверојатно во следната сезона за последен пат ќе го гледаме во дресот на Лејкерси.
Џејмс има јасен план за крајот на кариерата. Тој сака да игра една сезона со својот син Брони, кој ќе им биде на располагање на НБА тимовите веќе по сезоната 2024/2025, доколку реши да влезе на драфтот.
Брони заврши средно училиште и следната сезона ќе игра на Универзитетот во Јужна Калифорнија (USC). Тоа би можело да биде неговата прва и последна сезона на колеџ поради јасниот план што го има неговиот татко, а тоа е заедничка сезона во НБА.
Така, Леброн и неговиот син би можеле да го носат дресот на истиот клуб во сезоната 2024/2025. Американските обложувалници ги поставија коефициентите и го избраа процентот на тимови кои имаат најголеми шанси да доведат татко и син во своите редови.
Најголеми шанси имаат Хјустон Рокетс и Шарлот Хорнетс. Имаат 9,5 отсто шанси, а потоа следат Детроит Пистонс со 9,1 отсто.
Сезонава Џејмс ја заврши сезоната со Лејкерси во финалето на Западната конференција, каде беа поразени со 4-0 во серијата од Денвер Нагетс.