Влазнија со понуда за Додев

1864

Албанскиот прволигаш Влазнија, кој летово ќе има своја авантура во Европа, испрати официјална понуда за услугите на екс македонскиот младински репрезентативац, Дарко Додев.

Членот на Брегалница летово има неколку понуди, пред се од странство, Косово, Кипар, но и една официјална, од тимот на Влазнија.

Албанскиот тим во ист момент му се заблагодари за услугите на Гоце Седлоски кој беше тренер пролетва во овој клуб, а во исто време управата го направи првиот чекор кон доведување на Додев.

Спортмедиа дознава дека за Додев се заинтересирани и најдобрите екипи од ПМФЛ шампионатот.

 

ПретходноЛегендата се врати во Баерн Минхен!
СледноАлаклоид мисли на својата иднина: Пионерите на силен турнир во организација на Пик Сегед