Дуро за новиот тренер на Шкендија: Му посакувам добредојде на Шехи во македонскиот шампионат, изјавувам дека ќе го победам!

2496

Шпетим Дуро, стратегот на Струга ТЛ, деновиве за “Панорамаспорт“ од Албанија, даде поголемо интервју во кое ги искажа своите импресии за тоа како беше освоена историската титула на стружани. Искажа комплименти за челниците луѓе на стружани, и рече дека секако дека ќе остане тренер на шампионот барем уште една година.

Интересно, откако “Спортмедиа“ ексклузивно објави дека тренерот на Тирана, Оргес Шехи ќе биде новиот стратег на Шкендија, имаше прашање и за Дуро што мисли за него.

Познато е дека во два мандати јас бев тренер на Шкендија, ги знам приликите во тој клуб. Шехи и тоа како добро го познавам, беше голман во неколку екипи каде што јас бев тренер. Ако веќе дојде во Шкендија тогаш му посакувам добредојде во македонскиот шампионат, но овде изјавувам дека ќе го победам“ рече покрај другото Шпетим Дуро во интервјуто.

ПретходноИма надеж за овој Балкан: Србинот на фештата на Севиља заплака по загубеното бебе, Хрватот со потег за паметење! (ВИДЕО)
СледноЛегендарниот Бербатов открива: Дарко Панчев беше мој идол!