И официјално Сем Алардајс не е веќе менаџер на Лидс, идниот член на Чемпионшип. Одлука која и се очекуваше ако се знае дека искусниот стратег не успеа на Лидс да му обезбеди опстанок во Премиерлигата.
Алардајс го презеде Лидс на 3 мај, го водеше тимот на последните четири меча, но не успеа да го спаси.
Самиот кажа дека му било чест да биде тренер на овој клуб, дека уживал во работата, ги пофали фановите и рече дека Лидс заслужува да биде во Премиерлигата.