Од денеска и официјално Шкупи е посилен за Михал Пинтер (29), дефанзивец, кој доаѓа од Словачка. Чаирчани предмалку го претставија своето ново име, со верба дека Пинтер ќе прикажува добри партии во некогашниот наш шампион и тим кој што ова лето ќе ја претставува Македонија во квалификациите во Лигата на Конференции.
По Арби Воша, Пинтер е второто нови име во редовите на чаирчани. Инаку Словакот доаѓа од екипата на Злате Моравце, а има играно и за екипата на Липтовски.