Комити слават 36. години постоење

279

Навивачката група на Вардар, популарните „Комити“ денеска го слават својот 36. роденден.

Во екот на најголемата криза која што го има зафатено Вардар и од фудбалски но и од ракометен аспект, Комити се мобилизираа како никогаш и функционираат најдобро што можат во моментов.

Буквално со сопствени сили го држат ФК Вардар во живот, помагајќи на секој можен начин, а не го занемаруваат ни функционирањето на РК Вардар.

36 ГОДИНИ ЗА ВАРДАР СЕ БОРИМЕ
НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПОКОРИМЕ!
Никогаш претходно, групата не била толку сплотена како сега, и никогаш претходно не била толку организациски и естетски моќна, како што е сега.
Генерации и генерации пред нас, ја создавале приказната наречена – Комити Запад. Приказна, изградена врз чисти идеали и љубов кон клубот Вардар!
Многу борби, неправди и репресии сме минале. Многу победи, титули и шампионски славја се зад нас. Секој спомен е длабоко врежан, во нашата црвено – црната меморија. Ништо не смее да се заборави.
Денес, 36 години подоцна, само едно е јасно, се може да се смени, да пропадне, освен западната трибина – затоа што не можеш да уништиш нешто, што не умира!
ПРОДОЛЖУВАМЕ УШТЕ ПОСИЛНО!
Напишаа Комити и порачаа дека допрва почнува битката за нивниот Вардар кој никогаш нема да го напуштат.

ПретходноИџе најдобар и во Чешка
СледноЦСКА Москва ја освои титулата, МВП признанието за Сара Ристовска!