Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Македонија Ѓорче Петров закажа четири пријателски средби за време на подготовките во Словенија. Од таборот на „Лавовите“ соопштија дека подготовките ќе ги започнат на 7 јуни.
Во пред сезонскиот период ќе ги одиграат пријателските натпревари. Првиот меч ќе го одиграат на 23 јуни против Железничар од Сараево. Три дена подоцна ќе играат против Целја, па следува дуел со словенечки Радомље на 29 јуни. Подготовките ќе ги завршат со дуел со финалистот на Купот на Србија, Чукарички на 1 јули.
После подготвителниот период, Македонија ЃП ќе се спрема за настап во квалификациите за Лигата на конференции.















