Трето заминување од редовите на Македонија Ѓорче Петров. По Бразилецот Матеус и напаѓачот Арби Воша, редовите на „лавовите“ ги напушти и дефанзивецот Ѓорѓи Стоилов. Стоилов минатото лето и се приклучи на екипата од Ѓорче Петров и го освои Купот, а претходно играше за Шкупи, за Зира од Азербејџан и за Академија Пандев.
Да потсетиме дека Македонија перидов активно работи на формирање на ростерот за идната сезона. Засега освен три заминувања ги продолжи договорите со Стефан Лазаревиќ, Есмин Личина, Филип Мишевски и Филип Алексовски.
„Лавовите“ ќе се подготвуваат во Словенија каде што веќе закажаа неколку пријателски средби, а потоа ќе играат во квалификациите за Лигата на конференции.















