Нов кошаркарски „суперстар“: 14-годишен Малиец во Шпанија постигнува по 50 коша на натпревар

245

14-годишниот Малиец, Муса Кулибали, е новата потенцијална ѕвезда на кошаркарското небо. Младиот кошаркар кој настапува за шпанскиот тим Реалехос бележи апсурдни бројки во финалето на шпанскиот шампионат за играчи до 14 години.

Кулибали во просек постигнува 43,3 поени на натпревар, со просек од 38,7 скока по натпревар!?

Она што е поимпресивно е што неговите просеци беа уште повисоки по првите два натпревари од финалните дуели. Тој во првите два меча имаше просек од 53,5 поени и 47 скока по натпревар.

„Во неформален разговор со пријател кој исто така е посветен на кошарката ми покажа видео од Муса. Со сопругата видовме дека има огромен потенцијал, се распрашавме за процедурите, разговаравме со родителите кои беа воодушевени и дојдоа во Шпанија“, изјави тренерот на Кулибали, Пабло Јанез.

„Имаше јазична бариера. Му беше тешко во првите два месеци, но сега е добро. Помогна тоа што тргна на училиште со мојот син со кого исто така се заедно во тимот. Зборуваше француски, па на почетокот комунициравме со Google Translate“, признава Јанез.

Кулибали е висок 2,06 метри и има распон на рацете од 220 см.

„Од почетокот претпоставувавме дека луѓето ќе мислат дека е постар. Се обидуваме да го игнорираме тоа, затоа што нема смисла. Откако пристигна во декември, порасна за три сантиметри, што значи дека сè уште е во тој процес на раст. Тој е многу брз и подвижен. И покрај неговата физичка форма, добро се движи и одлично игра пред противничкиот кош. Има одлична координација и мобилност и почнува добро да шутира“, дополнува неговиот тренер.

Неколку недели претходно играл и за тимот до 16 години, каде исто така имал одлична статистика со просек од 16 поени и 11 скока на натпревар.

ПретходноКрис Пол си заминува од Феникс
СледноНБА звезда нападната од порноглумица…. мисли му ја ако сум трудна