АБА за еден ден го помести стартот на финалето, на Партизан не му одговара

516

Како што веќе е познато, на состанокот на АБА лигата и кошаркарската лига на Србија, било утврдено дека денеска ќе започне финалната серија во српското првенство, а финалето на регионалното натпреварувањео ќе започне ден подоцна, на 13 јуни, наместо на 12-ти, како што беше планирано.

Очекувано, ова предизвика голема врева во јавноста, а спортскиот директор на КК Партизан истакна дека „црно-белите“ не прифатиле да играат според новиот календар, додека „црвено-белите“ немаат проблеми со новите термини.

„Натпреварите од АБА лигата се играат според утврдениот распоред и календарот на натпревари, со тоа што спортскиот директор на АБА лигата може да определи и друг термин за одигрување на натпреварите, доколку тоа е во интерес на лигата“, стои во регулативите на лигата.

Тоа значи дека конечната одлука ќе ја има директорката на регионалното натпреварување, Милија Војиновиќ, која ќе остане на 13 јуни како нов датум за почеток на финалната серија.

ПретходноПретседателот на Милан: Малдини не му беше потребен на Милан
СледноОФИЦИЈАЛНО: Лајмер потпиша за Баерн (М)