Брегалница подготовките ќе ги стартува на 26 јуни, планирани се и седум пријателски натпревари

311

И официјално, фудбалерите на Брегалница и стручниот штаб на чело со Горан Здравков, подготoвките за наредната сезона ќе ги стартуваат на 26 јуни.

Планирано е да се работи, барем на стартот, во Штип и Пехчево, а потоа да се оди во Банско или Охрид.

Во Пехчево ќе ја реализираме првата фаза од овие летни подготовки. За да потоа од тоа каде и против кого ќе ги играме пријателските средби, а планираме да бидат седум, ќе се подготвуваме во Банско или Охрид. Секако дека тие пријателски или контролни средби ќе се искористат за да се воигра тимот и во најдобра форма се дочека новата сезона во ПМФЛ“ изјави стратегот Горан Здравков.

ПретходноУтре стартува официјалниот дел од подготовките за мечевите со Украина и Англија! (ФОТО)
СледноПрилеп го промовираше Цветаноски!