Како што велат нашите информации, новата сезона во ПМФЛ, таа 2023/24 или 32. во самостојна Македонија планирано е да стартува на 5-6 август или во првиот викенд во осмиот месец од годината.
Да кажеме дека за разлика од лани, кога се играше со 11 екипи поради откажувањето на Ренова, во новата сезона ќе играат сите 12 клубови и тоа:
СТРУГА ТРИМ ЛУМ (Струга)
ШКУПИ (Скопје)
ШКЕНДИЈА (Тетово)
СИЛЕКС (Кратово)
БРЕГАЛНИЦА (Штип)
ТИКВЕШ (Кавадарци)
МАКЕДОНИЈА ЃП (Скопје)
РАБОТНИЧКИ (Скопје)
А. ПАНДЕВ (Струмица)
ВОСКА СПОРТ (Охрид)
ГОСТИВАР (Гостивар)
ВАРДАР (Скопје)
Инаку што се однесува до Втората лига или ВМФЛ, истата е планирано да почне на 12 август (сабота).
Ова се 16 екипи кои ќе играат во ВМФЛ во сезоната 2023/24:
Скопје, Победа, Пелистер, Детонит, Беса, Охрид, Арсими, Кожув, Беласица, Караорман, Каменица Саса, Тетекс, Вардар Неготино, Башкими, Новаци и Осогово.