Сухејл Мухареми нема веќе да биде дел од шампионскиот тим на Струга Трим Лум. Како што информираа стружани преку своите социални мрежи клубот се раздели со младиот напаѓач. Договорот на Мухареми со Струга ТЛ истече, нов не е потпишан, па затоа доаѓа до оваа разделба.
Јасно е дека раководството на Струга Трим Лум јавно му се заблагодари на својот досегашен фудбалери му посака многу среќа во иднина во неговата фудбалска кариера.
Инаку Мухареми во Струга Трим Лум дојде пред две години и тоа од Работнички. Во изминатиот дел тој настапи на 26 натпревари, а во минатата сезона во која Струга ТЛ стана првак, забележа 3 гола и 3 асистенции.