Ферари се врати на „24 часа Ле Ман“ по 50 години пауза и победи!

509

Италијанците Алесандро Пјер и Антонио Џовинаци, како и Британецот Џејмс Каладо се заслужни за победата на Ферари на легендарната трка „24 часа Ле Ман“, која ја одбележа стогодишнината.

Ферари ја прекина петгодишната серија победи на Тојота на оваа трка, но уште поважно е што ова беше прва победа на Ферари од 1965 година, но и прв настап на Ферари на „24 часа Ле Ман“ по 50 години.

Триото на Ферари постигна минута и 21 секунда подобро време од Тојота претставена од Себастиен Буеми, Брендон Хартли и Рио Хиракава.

Третото место го освоија возачите на Кадилак, Алекс Лин, Ерл Бамбер и Ричард Вестбрук.

ПретходноПо десет години пауза: Фенербахче по седмипат го освои турскиот куп
СледноТотенхем со 50 милиони фунти го „лови“ Санчо од Манчестер Ј.