Работнички во преговори со Амар Хот!

1119

Работнички во новата сезона има една цел – дел од тимот да го потполни и со млади македонски кошаркари кои покажуваат голем потенцијал. Еден од нив е членот на Феникс, Амар Хот.

Раководството од најтрофејниот кошаркарски колектив е во преговори со македонскиот репрезентативец, кој беше еден од најдобрите играчи на Феникс во минатата сезона.

Работнички под обрачите го сака Андреј Маслинко, а кога сме кај домашните играчи, веќе ги има под договор Шошкиќ, Бакоч, Марковски, ќе остане и Малешевиќ. А според информациите до кои дојде СПОРТМЕДИА, на листата на желби се најде и поранешен играч на актуелниот првак, Андрија Бојиќ.

Во сезоната која заврши „црвено-белите“ стигнаа до полуфиналето каде беа запрени од МЗТ Скопје со 2-0.

ПретходноКога татко ти е број еден во светот: Синот на Ѓоковиќ не може да биде погорд!
СледноПочина Силвио Берлускони