Еурофарм Пелистер стана шампион на Македонија, а со тоа и право да учествува во Лигата на шампионите во новата сезона. Сепак, салата моментално не ги исполнува условите за натпревари од ЛШ, па поради тоа започнаа работните активности во и околу ,,Боро Чурлевски”, односно приспособување на сите услови за натпревари од ракометната Лига на Шампиони наредната сезона.
Советот на Општина Битола издвои 18.301.800 денари за овај проект, а дополнителна соработка ќе има со неколку приватни фирми и јавни претпријатија, а исто така активна вклученост ќе има и Еурофарм Пелистер.
Првата комисија од ЕХФ која ќе ја посети Битола треба да биде некаде на почетокот на јули, а финалната одлука ќе биде донесена најверојатно на почетокот на август, кога се очекува финална комисија од ЕХФ да ја посети ,,Боро Чурлевски”.
ФОТО: ФБ профил/И моето дете навива за Пелистер