Екипата на Гостивар во следната сезона ќе има „нов“ тренер. Станува збор за Никола Димитриески, кој ја добива целосната доверба од страна на раководството, а на главното тренерско место доаѓа по заминувањето на Љупчо Малинков.
Димитриески од 2017 година се развиваше како кошаркарски професионалец и беше помошник на три врвни различни тренери, а во еден момент и ја водеше екипата на неколку натпревари. Гостиварчанецот добро знае кои се целите и амбициите на клубот, нема да му треба време да се вклопи во средината, бидејќи многу добро ја познава.