Брегалница се засилува со интернационалци од Костарика и Панама!

1245

Размрдано е во таборот на Брегалница во овој период. Откако со неколку играчи “сините“ се разделија, сега е време за нови имиња. Па така, како што велат нашите информации, пред потпис се двајца интернационалци од Костарика и Панама. Интересно тие во Штип доаѓаат од ист клуб, од Футбол Консултанс Декампаредос од Костарика.

Првиот е Фабрицио Венегас, играч за врска, Костариканец кој има 23 години.

Додека вториот е Џамал Дикенс, од Панама, инаку класичен дефанзивец и има само 20 години. И двајцата се млади, ако се биде како што треба тогаш тренеро Горан Здравков ќе добие квалитетни интернационалци.

ПретходноГлејзерс ќе му ги продадат сите акции од Манчестер Ј. на шеикот Јасим?
СледноЛа Лига нова сезона: Барса почнува кај Хетафе, Реал гостува во Билбао