Горан Пандев: Јас сум новиот претседател на Академија Пандев Брера Струмица (ВИДЕО)

6020

По неколку месечен молк, односно апстиненција од јавноста во Македонија, Горан Гранде Пандев конечно се појави и проговори, односно ги реши сите дилеми и шпекулации околу иднината на неговиот клуб Академија Пандев. Сите добро знаеме дека истиот е во фаза на сериозна трансформација, односно ребрендирање. Инвеститорите од Италија поточно САД, кои влегуваат во клубот веќе се во завршна фаза на преземање на истиот и токму затоа во овој момент, Горан Пандев одлучи со мини интервју да ја информира јавноста од прва рака што се вели за што точно станува збор.

Како што самиот објавува, не само што Горан Пандев не се повлекува од клубот, туку напротив, тој станува претседател на новиот Академија Пандев Брера Струмица, клуб кој што и натаму ќе функционира успешно во ПМФЛ шампионатот. Осумте членови на бордот на директори одлучиле токму Пандев и натаму да биде прв човек на клубот, во косоработка секако со многуте нови лица кои ќе се појават во Струмица. Па така, покрај Ацо Стојков, човекот од доверба на Горан Пандев, ќе биде одговорен пред се за првиот тим, а се останато што ќе пристигне од Италија како стручен кадар, ќе биде вклучен пред се во академијата односно во школата на Академија Пандев Брера Струмица.

Пандев најавува сериозни инвестиции, изградба на нови терени, вештачки и природни, како и учевство на голем број на турнири основата за напредок на младите фудбалери. Целото интервју проследете го во продолжение…

ПретходноНдерим Неџипи и официјално нов спортски директор на Маниса
СледноОфицијално: Тимоти Веа е нов играч на Јувентус