Јасикевичиус ја напушти Барса, Гримау е новиот тренер

198

Шарунас Јасикевичиус не е повеќе тренер на кошаркарскиот клуб Барселона. И покрај желбата на Барса да го задржи Литванецот тој одлучи да го напушти кормилото на каталонскиот клуб. Па така Барселона веќе најде замена, а тоа е Роџер Гримау кој потпиша двегодишен договор.
Клубот почнува нов проект и постигна договор со Роџер Гримау кој потпиша договор до 30 јуни 2025 година. Тој во изминатите две сезони беше тренер на Барса Атлетик и на јуниорскиот тим и имаше одлични резултати. Како играч осум сезони беше дел од нашиот клуб и беше капитен кога клубот стана европски шампион во 2010 година“, соопштија од Барса.
Ова е неочекуван расплет затоа што претходно Јасикевичиус изрази желба да остане и покрај планот на клубот да ги намали платите и буџетот за засилувања. Сега Литванецот одлучи да си замине.

ПретходноЗарков го напушти Е.Пелистер 2 и презеде грчки тим
СледноРоби Кин стана тренер на најтрофејниот израелски клуб