Екипата на Брегалница предмалку ги претстави двете нови интернационални засилувања за следната сезона. Се работи за дефанзивецот Џамал Дикенс од Панама, како и за на офанзивецот Фабрицио Ванегас од Костарика.
Дикенс е централен дефанзивец кој има 21. година, и кој може да игра и на левата дефанзивна позиција, а во Брегалница доаѓа од редовите на Футбол Консултанс Декампаредос од шампионатот на Костарика.
Венегас пак ќе го засили офанзивниот среден ред и нападот на тимот и доаѓа од екипата на Футбол Консултанс Декампаредос од шампионатот на Костарика. Претходно во својата кариера има настапувано и за Санта Ана, исто така во костариканското првенство.