Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски се приклучи на подготовките на неговиот тим Динамо Загреб. По заслужениот одмор кој Стефан го имаше по настапите за Македонија против Украина и Англија, и кој траеше неколку дена повеќе од останатиот дел од „Модрите“ Ристовски вчера повторно ја задолжи опремата во Динамо.
Динамо летово има задача како што е тоа вообичаено да се пласира во групната фаза од Лигата на Шампионите, а како прв ривал на тој пат се појавува победникот од дуелот помеѓу екипте на Астана и Динамо Тбилиси.