Сан Антонио денеска и официјално го објавија потписот со првиот пик на драфтот во 2023 година, францускиот центар Виктор Вембањама. 19-годишниот кошаркар висок 222 см. Ќе биде руки-ѕвезда во најсилната кошаркарска лига и еден од адутите на Спарс за враќање во битката за шампионскиот прстен.
Според извештаите на медиумите, дебитантот најверојатно ќе добива плата од 12 милиони долари во сезоната 2023/2024, што е најмногу што може да заработи во неговата дебитантска сезона во лигата. Договорот со Французинот ќе биде на три или четири години.