Матеј Цветаноски пред трансфер во Каспиј, кај Мрме!

1085

 

Матеј Цветаноски (25) својата кариера ќе ја продолжи во далечниот Казахстан, и тоа во тимот на Каспиј Актау, член на елитната лига во таа земја. Преговорите се завршени, речиси се е договорено, остануваат само уште некои детали и се разбира промоцијата.

Да потсетиме дека тренер на тој тим е екс – селекторот Игор Ангелоцски – Мрме. Исто така таму игра и нашиот интернационалец Стефан Коцев.

Инаку Цветаноски во пролетниот дел беше дел од А. Пандев, а претходно играше за екипите на Партизани, Шкупи, Пелистер,Вардар, Македонија ЃП…

ПретходноВо ресторанот немало место, Роналдо со изненадувачка реакција!
СледноСкопје 2020 го потпиша Кристијан Стојаноски