Цезар Аспиликуета е новиот играч на Атлетико Мадрид. Шпанскиот репрезентативец утрово беше на лекарски преглед и го потпиша договорот.
Атлетико Мадрид го официјализираше доаѓањето од Челзи, а Шпанецот без обештетување доаѓа во главниот град на својата татковина. Тој потпиша договор на една сезона, што е вообичаена практика во Атлетико за играчи над 30 години.
Пред десетина дена беше објавено дека Аспиликуета договорил се со Интер, но тој очигледно ги измамил и сега ќе го носи дресот на Атлетико.
Аспиликуета ја започна кариерата во Осасуна, играше за Марсеј, од кој во 2012 година дојде во Челзи за осум и пол милиони евра и стана вистинска легенда на клубот.
View this post on Instagram