Младите одбојкари со втор пораз на Балканското првенство

103

Младата одбојкарска репрезентација на Македонија за играчи до 17 години вечерва го претрпе и вториот пораз на Балканското првенство во Тирана. По вчерашниот пораз од Албанија со 3:0, избраниците на селекторот Санев денеска со максимални 3:0 (25:16, 25:13, 25:14) беа поразени и од селекцијата на Србија.

Миневски со 7 реализирани поени беше најдобар реализатор во нашата репрезентација. Со 4 реализирани поени се истакна и Ефремов.

Утре од 18 часот Македонија ја чека и последниот меч во групата со апсолутниот фаворит Турција.

ПретходноИскусниот Тофилоски на голот на Беса
СледноДи Марцио: Перишиќ раскинува со Тотенхем и ќе се врати во Хајдук