Шпанските медиуми утрово пишуваат дека големата бразилска фудбалска ѕвезда Нејмар бил вмешан во тежок инцидент во својата татковина.
„Мундо Депортиво“ пренесува дека фудбалерот на Пари Сен Жермен бил вмешан во тепачка во ноќен клуб во Рио де Жанеиро.
Според изворот, физичката пресметка се случила во текот на минатиот викенд. Нејмар се тепал со непознат маж, по што реагирало обезбедувањето и спречило поголем инцидент. Со бразилскиот фудбалер во ноќниот клуб била и неговата девојка Бруна Бјанкарди.










