Милан понуди 25 милиони евра за потписот на Чуквуезе

218

Милан испратил понуда до шпански Виљареал за Самуел Чуквуезе. Според „Атлетик“, „росонерите“ се подготвени да платат околу 25 милиони евра за крилниот напаѓач, вклучувајќи и бонуси.

24-годишниот играч сака да го смени тимот и веќе ги договорил условите со италијанскиот клуб. Во Ла Лига во сезоната 2022/23, Чуквуезе одигра 37 натпревари и постигна 6 гола.

Милан до крајот на летото ќе мора да се потруди многу повеќе за да донесе некои адекватни засилувања ако сака да остане во трка за највисок пласман во Серија А следната сезона.

ПретходноМареј за 120 милиони долари останува во Атланта
СледноБарса и Реал влегоа во „војна“ за потписот на Ернангомез