По онаа бламажа што им се случи на Босанците, челниците на тамошната федерација веднаш му врачија отказ на Фарук Хаџибегиќ, па така сега во потрага се по нов селектор, предводник на најдобрата фудбалска репрезентација на таа земја.
Еден од најголемите кандидати за тоа место е и екс – тренер на Шкендија, а тоа е Бруно Акраповиќ, кој во два мандати беше шеф на струката на тетовци.
Инаку Бруно е роден во Зеница, некогашен репрезентативец на БиХ, а најголем дел од својата фудбалска кариера ја мина во Германија.
Како тренер, освен во Шкендија, работеше и во Бугарија, Хрватска, Кипар, Гибралтар….










