Доаѓаат некои други времиња, после две децении Лео Меси и Кристијано Роналдо не се веќе во идеалните тимови.
Па така според порталот GiveMeSport, а спрема податоците на ESPN, се разбира и според вредноста на Transfermarkt, одбран е идеалниот или најдобриот тим во светот кој вреди 1,1 милијарди евра.
Секако дека тренер е Пеп Гвардиола, а голман е Тибо Куртоа (Реал), додека во одбраната се Ашраф Хакими (ПСЖ), Алфонсо Дејвис (Баерн), Рубен Диас (Сити), Јошко Гвардиол (Лајпциг). Во средниот ред во таа формација од 4-3-3 се Џад Белингам (Реал), Родри (Сити), Де Брујне (Сити) и во нападот Букаја Сака (Арсенал), Ерлинг Халанд (Сити) и Килијан Мбапе (ПСЖ).
Секако дека ова е работа на вкусови, но се чини дека во најголем дел најдобрите и најскапи играчи во моментов се овие.